Kasım İleri
25 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
ПЕНТАГОН (АА) - Anadolu Agency (AA) доби свое место во прес-центарот во Министерството за одбрана на САД (Пентагон).
Освен Anadolu Agency, место во прес-центарот добија и другите медиуми како што се „Breibart", „Al Jazeera", „Washington Times", „US World News" ...
Во прес-центарот на Пентагон свои места имаат телевизиските канали „CNN", „ABC", „NBC", „FOX News", потоа агенциите „Reuters", „AFP", „Associated Press", весниците „New York Times", „Washington Post" и „Wall Street Journal".
На самиот крај на просторот одвоен за медиумските претставниците се наоѓаат и медиумските канцеларии на сите команди на Пентагон, односно на нивните портпароли.
Во просторот кој е одвоен за АА изложени се и изданија на АА „Алманах 2016” , потоа „Обид за државен удар од минута во минута” и „Istambul Photo Award”.