Sertaç Bulur
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека националниот робот TMR 2 („Кутлу“) бил користен ефикасно во уништувањето рачно изработените експлозивни направи во Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на Твитер профилот на Министерството се истакнува дека турските тимови за деминирање во Триполи, Либија, за уништувањето на рачно изработените експлозивни направи го користеле националниот робот TMR 2 („Кутлу“), кој обезбедува далечинска и безбедна интервенција.
Во видеото, во кое се споделуваат снимки од турскиот робот, вклучени се и моменти кога роботот „Кутлу“, командуван далечински од турските војници ги уништува рачно изработените експлозивни направи и муниција.