Zehra Ulucak,Nazlı Yüzbaşıoğlu
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во светот со коронавирусот се заразија 14.443.823 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци како последица на вирусот Ковид-19 во светот починале 605.214 лица.
Излекувани се 8.628.161 пациент кај кој е утврден коронавирусот. Во светот во моментот има 5.210.446 активни случаи на вирусот.
Пандемијата на Ковид-19 сериозно ги зафати Соединетите Американски Држави (САД) со 3.883.597 заразени лица. Како последица на вирусот починаа 142.878 пациенти.
По САД следат Бразил (2.075.246), Индија (1.078.782), Русија (771.546), Перу (349.500), Мексико (338.913), Чиле (328.846), Шпанија (307.335), Велика Британија (294.066), Иран (271.606), Пакистан (263.496), Саудиска Арабија (248.416), Италија (244.216), Турција (218.717) и Германија (202.572).
Коронавирусот се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.