Recep Şakar
16 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
МЕЛБУРН (АА) – Започнаа да се евакуираат туристите од градчето Каикура во Нов Зеланд, откако регионот за викендот го зафати земјотрес со јачина од 7,8 степени и две лица го загубија животот, јавува Anadolu Agency (AA)
Командантот на воздухопловните сили, Дарин Веб, во изјава за медиум во Нов Зеланд рече: „Ќе се обидеме да оствариме колку што можеме повеќе летови до Каикура. Ќе ги евакуираме туристите и жителите на јужните делови од државата“.
Официјални претставници на Цивилната одбрана на Нов Зеланд изјавија дека започнале да ги евакуираат жителите и туристите од местото на епицентарот на земјотресот, каде што се наоѓаат околу илјада и двесте туристи и жителите на Каикура.
Министерот за цивилна одбрана, Гери Браунли, рече дека меѓу нивните приоритети е да се однесе храна и вода за пиење, но дека ќе им треба време за расчистување на патиштата.
Туристите се заглавени во Каикура поради материјалните штети што земјотресот ги предизвика на железницата и на патиштата.
Во земјотресот со интензитет од 7,8 степени, кој го зафати Нов Зеланд во неделата наутро, животот го загубија 2 лица, а повеќе од 20 се повредени.