Zeynep Tüfekçi Gülay
05 Ноември 2022•Ажурирај: 06 Ноември 2022
РАМАЛА (АА) - Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, побара од американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, САД да го присилат Израел да ги запре нападите врз палестинскиот народ и неговата света вредност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на американскиот Стејт департмент имаше телефонски разговор со претседателот Абас, соопшти палестинската агенција ВАФА.
Во текот на состанокот, Абас дал информации за израелските кршења на правата на Палестинците и за израелските напади со кои се соочува палестинскиот народ во градовите, селата и бегалските кампови.
Абас упати барање до американската администрација да го присили Израел да ги запре злосторствата против палестинскиот народ, неговата земја и неговите свети вредности.
Блинкен, од друга страна, нагласи дека неговата земја вложува напори да ги намали растечките тензии на Западниот Брег и дека на тоа поле воспоставила различни контакти.
Во соопштението на ВАФА се наведува дека е постигнат договор за продолжување на контактите во иднина.
Израелските војници вчера убија четворица Палестинци, двајца во Џенин, еден во Бејт Дакu, северозападно од Ал Кудс (Ерусалим) и еден во близина на џамијата Ал Акса во источен Ал Кудс. Палестинските власти ги окарактеризираа убиствата на Палестинците како „објава на војна“.