Davit Kachkachishvili
05 Ноември 2022•Ажурирај: 06 Ноември 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, објави дека во текот на неделата најжестоките судири во војната против Русија биле концентрирани во градовите на Доњецкиот Регион, Бахмут и Соледар, известува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски преку својот профил на социјалната мрежа Телеграм сподели информации за најновите настани во врска со војната во неговата земја.
Напоменувајќи дена борбата на украинската војска против руските сили продолжува во разни делови од неговата земја, Зеленски укажа на фактот дека најжестоките судири се случиле во Доњецк минатата недела.
„Во текот на оваа недела најжестоки судири имаше во Бахмут и Соледар во Донбас. Ги држиме своите позиции. Руската војска веројатно загуби најмногу животи и муниција во ова и во другите подрачја на Доњецкиот Регион отколку во двете војни во Чеченија заедно“, порача Зеленски.
Напоменувајќи дека е одобрен дополнителен пакет воена помош од околу 400 милиони долари од САД за Украина, Зеленски рече: „Вредноста на пакетот е 400 милиони долари. Конкретно, станува збор за оклопни возила кои ни се навистина потребни за наш напредок.“