Sayed Khodaberdi Sadat
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
КАБУЛ (АА) - Во операции против терористичката организација ДАЕШ во Авганистан, убиени се 12 нејзини членови, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на Авганистан во своето соопштение истакна дека на истокот од државата, во подрачјето на Нангархар, во месноста Кот, изведени се опсежни операции против ДАЕШ од земја и од воздух, во кои се убиени 12 терористи.
Беше соопштено и дека во операциите биле ранети 20 членови на ДАЕШ.
Од друга страна, беше соопштено дека во разни делови од државата, во последните 24 часа, се извршени голем број операции против талибанците, во кои се убиени 45 талибанци а одземени се големи количества на муниција и оружје.
Во соопштението се вели дека во операциите седум припадници на безбедносните сили ги загубиле своите животи.
По вооружениот напад кој милитантите на ДАЕШ го извршија минатиот петок врз селото Кот, во регионот започнаа напади од земја и воздух.
Според информации добиени од локални извори, во вооружениот напад кој ДАЕШ го изврши врз месноста Кот, загинале осум лица меѓу кои и деца.