Diyar Güldoğan
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку пет терористи на ДАЕШ утрово беа неутрализирани во северниот дел на Сирија за време на операција од страна на Турските вооружени сили и коалицијата предводена од САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Според турските безбедносни извори кои сакаа да останат анонимни, денес, турската армија погоди позиции на ДАЕШ кои се подготвувале за ракетен напад кон Турција.
Погодени се две згради полни со ракетни лансери Катјуша и хаубици, велат изворите.
Коалициските сили, исто така, спроведоа и три воздушни напади врз позициите на ДАЕШ во Сирија, додаваат изворите.
Турската југоисточна покраина Килис во последните месеци се соочува со серија прекугранични ракетни напади од страна на терористичката организација ДАЕШ од Сирија.