Sayed Khodaiberdi Sadat
06 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
КАБУЛ
Во бомбашки напад извршен во авганистанската западна покраина Бадгис смртно настрадаа 11 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Бадгис, Хусаметин Шемс, во изјава за медиумите истакна дека бомба поставена во подрачјето на Гендаб при градот Аб Кемери во Бадгис, експлодирала за време на премин на возило во кое се наоѓале цивили.
Шемс информира дека во нападот загинале 11 цивили, меѓу кои има деца и жени.
Тој рече дека талибанците се одговорни за овој напад.
Меѓу другото, сè уште никој не презеде одговорност за нападот.