Sayed Khodaberdi Sadat
29 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
МЕЗАР-И ШЕРИФ (АА) - Во операциите на авганистанските безбедносни сили во провинцијата Фарјаб во северен Авганистан загинаа осум талибански милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од портпаролите на командата во северниот дел на земјата, Мухаммед Реза Резаи, во изјава за новинарот на АА рече дека безбедносните сили извеле истовремени операции во населените места Кајсар и Гомач во провинцијата Фарјаб.
Тој рече дека во операцијата биле убиени осум талибански милитанти, а повредени се 14 милитанти и двајца војници. Резаи рече дека воздушните и копнените напади продолжуваат.
Сè уште нема реакции од страна на талибанците, а од друга страна борците на организацијата продолжуваат со своите напади во различни делови на Фарјаб.