Sayed Khodaberdi Sadat
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Во западниот дел на Авганистан, во местото Анар Дере во покраината Фарах експлодираше бомба поставена покрај патот. Експлозијата предизвика смрт на 8 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата во Фарах, Мухибулах Мухиб, за новинарите изјави дека покрај патот во местото Анар Дере била поставена бомба, која при експлозијата усмртила 8 лица, од кои 6 цивили и двајца претставници на безбедносните сили.
Портпаролот Мухиб тврди дека бомбата е поставена од страна на талибанските милитанти.
Засега талибанската страна не даде никаква изјава во врска со овој настан.
Во североисточниот дел на Авганистан, пак, во покраината Бадахшан, изведен е бомбашки напад на фудбалски стадион. Во нападот животот го загубија 2 лица.
Портпаролот на полицијата на Бадахшан, Санаулах Рухани, на новинарите им соопшти дека на фудбалскиот стадион во градот Фаизабад била поставена бомба која експлодирала во моментот кога генерал Назир Ахмад Нијази го напуштал стадионот.
Рухани информираше дека во нападот животот го загубиле генерал Нијази и еден од неговите телохранители, а едно лице е рането.
Засега никој не ја презеде одговорноста за овој напад.