Sayed Khodaberdi Sadat
17 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад во близина на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Кабул, загинаа најмалку 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрет Рахими, рече дека напаѓачот ја активирал експлозивната направа која се наоѓала на него, пред воениот камп недалеку од Амбасадата на САД.
Рахими истакна дека меѓу 22 загинати лица, 6 се припадници на безбедносните сили. Додаде дека во нападот се ранети 38 лица.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.
Инаку, денеска, во самоубиствен напад на предизборен митинг во Парван, на кој присуствуваше и авганистанскиот претседател Ешреф Гани, загинаа 26 лица.