Mohammad Fahim Abed
21 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
КАБУЛ (АА) - Во местото Баграм, во градот Парван во Авганистан, изведен е самоубиствен напад врз патрола од авганистански и американски војници, во кој загинаа пет американски војници, а шест се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападот се повредени тројца американски и тројца авганистански војници.
Како што кажа локалниот функционер Абдул Шукур Кудуси, експлозивната направа била поставена на мотоцикл и активирана во близина на најголемата воздухопловна база на НАТО во Авганистан.
Во соопштението на НАТО силите во Авганистан потврдено е дека е изведен напад на американските војници, како и дека е покрената истрага за овој настан.
Одговорност за нападот презедоа талибанците, а нивниот гласноговорник рече дека во нападот се убиени 19 војници, и дека има голем број повредени.