Shukrullah Naser,Ahmet Dursun
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
ИСТАНБУЛ
Во рамки на операциите извршени во последните 24 часа во Авганистан, поддржани од силите на НАТО, убиени се 92 талибански милитанти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Авганистан, авганистанските безбедносни сили, со поддршка на НАТО оствариле операции против талибанците во различни авганистански покраини како Лагман, Газни, Пактија, Забул, Кандахар, Фера, Хелменд, Бел Фарјаб. Lagman, Gazni, Paktiya, Zabul, Kandahar, Ferah, Helmend, Belh Faryab.
Во соопштението се нагласува дека во операциите реализирани во последните 24 часа, во соработка со силите на НАТО, убиени се 92 милитанти, додека 56 милитанти се повредени.
Се вели дека во операциите приведени се 10 милитанти, а запленето е големо количество оружја и муниција.