Sayed Khodaiberdi Sadat
10 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
КАБУЛ
Девет деца ги загубија животите како последица на експлозија на минофрлачка граната во областа Лал Пур во провинцијата Нангархар во источен Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти соопштија дека експлозијата се случила додека купувач на старо си играл со минофрлачка граната во селото Биганаган во областа Лал Пур.
Соопштувајќи дека во експлозијата животот го загубиле 9 деца, властите истакнаа дека се повредени 4 деца.
Според очевидците, експлозијата се случила во близина на училиштето.
Слични инциденти имало и претходно во различни делови на земјата, во кои животот го загубиле на десетици деца.
Во Авганистан сè уште има неексплодирани минофрлачки гранати и бомби од воениот период.