Yusuf Hatip
14 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека една од приоритетните теми на состанокот на министрите за одбрана на НАТО е мисијата на Алијансата во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг зборуваше вториот ден од состанокот кој се одржува во Брисел.
„Една од нашите приоритетни теми и понатаму е мисијата во Авганистан. Ја продолжуваме поддршката во финансирањето и обуката на авганистанските сили“, изјави Столтенберг.
На сесијата ќе се разговара и за мисиите на НАТО во Ирак и Косово.
Во Авганистан се наоѓаат повеќе од 16.000 војници на НАТО.