Sayed Khodaberdi Sadat
30 Април 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Единаесет цивили го загубија животот во самоубиствениот напад извршен врз конвојот на НАТО во авганистанската покраина Кандахар, јавува Anadolu Agency (AA).
Касим Афган, прес-советник на Полициската дирекција во Кандахар, истакна дека напаѓачот самоубиец со возило бомба извршил напад врз конвојот со војници на Романија што служат во рамките на НАТО, за време на патрола во подрачјето на Данман.
Афган информираше дека во нападот загинаа 11 цивили, а 16 лица се повредени, меѓу кои и пет војници од Романија.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.