Sayed Khodaberdi Sadat
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку 12 припадници на терористичката организација ДЕАШ се убиени за време на терористичкиот напад на полициската станица во Нуристан, во источниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во Нуристан, Гулам Фарук Нурисани, за АА потврди дека терористите на ДЕАШ нападнале полициска станица во Вам, по што дошло до судири.
„Во размена на оган загинаа тројца полицајци, двајца од нив се ранети. Меѓу терористите убиени се најмалку 12, а ранети 18“, изјави Нурисани.
Тој нагласи дека ова е прв терористички напад на ДЕАШ на подрачјето на градот Нуристан.