Sayed Khodaberdi Sadat
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Фондот на Обединетите нации за помош на децата (УНИЦЕФ) соопшти дека во Авганистан од дијареја умираат просечно 26 деца на ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Во последниот извештај што до подготви УНИЦЕФ се наведува дека од дијареа, во Авганистан во просек секој ден умираат 26 деца.
Во извештајот се истакнува дека поголемиот дел од починатите деца се на возраст под 5 години, што укажува на фактот дека во оваа земја, 9.500 деца годишно умираат од болеста.
Како причини за ширењето на дијарејата во извештајот се наведуваат неухранетоста, проблемите со извори на чиста вода и загадената животна средина, и се истакнува дека особено внимание треба да се обрне на консумирањето чиста вода за пиење.
Во извештајот се вели дека 58 отсто од населението на Авганистан не може да дојде до извори на чиста вода.
Синдромот на акутна дијареја (пролив) воглавно има инфективна етиологија, и спаѓа во многу чести клинички синдроми кои сѐ уште се водечка причина за смртност во светот, веднаш зад кардиоваскуларните болести.
Во неразвиените земји и во земјите во развој, синдромот на акутна дијареја е причина за смртност на околу 5 до 10 милиони луѓе годишно.