Emel Öz Gözellik
19 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад во воен камп во авганистанската покраина Кандахар, животот го загубија најмалку 41 лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Надлежните соопштија дека најмалку 41 војник загинале во самоубиствениот напад извршен со две возила-бомби во воен камп во јужниот дел на покраината Кандахар.
Според соопштеното, талибанците ја презеле одговорноста за нападот.