Nuri Aydın
19 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, изјави дека морал да ја напушти земјата за да спречи крвопролевање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гани со семејството заминал во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а во снимка објавена на социјалните мрежи го образложи своето заминување.
Тој потврди дека се наоѓа во ОАЕ.
„Морав да ја напуштам земјата за да спречам крвопролевање. Се наоѓам во ОАЕ за да спречам катастрофа. Водам консултации за враќање во Авганистан за да ги продолжам напорите за правда, исламска и национална вредност на авганистанскиот народ“, изјави Гани.
Тој додаде дека оние кои не ги знаат деталите за негово заминување, не можат да му судат.
Гани ги отфрли и наводите на портпаролот на Руската амбасада во Кабул, Никита Ишченко, дека ја напуштил земјата со значителна сума пари. Тој смета дека таквите изјави се неосновани.
„Во потполност се лажни и неосновани. Ова може да го потврди и царината на ОАЕ. Немав време ниту да ги променам чевлите. Безбедносните службеници побараа да ја напуштам земјата поради итната закана кон мене како шеф на државата“, изјави Гани.
Toj додаде дека сака мирно да ја предаде власта, но дека против своја волја е извлечен од Авганистан.