Emel Öz Gözellik
12 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
КАТМАНДУ (АА) - Најмалку 38 лица загинаа во авионска несреќа која денес се случи на меѓународниот аеродром „Трибхуван" во Катманду, главниот град на Непал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полициските официјални лица потврдија дека патничкиот авион на бангладешката компанија „US-Bangla" во прилика на слетување се лизнал од пистата и завршил во пламен.
Станува збор за авион „ Bombardier" од типот „Dash Q400" кој летал од Дака, а во кој се наоѓале 67 патници и четири членови на посадата.
Неименувани полициски официални лица соопштија дека спасувачките екипи од остатоците од авионот извлекле 23 поврдени лица и тела на најмалку 38 загинати.
Спасувачките екипи трагаат по преостанатите десет лица од авионот.