Ekipa
27 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
КАТМАНДУ (АА) - Официјален претставник на владата изјави дека во поплавите и лизгање на земјиштето, кои беа предизвикани од обилните врнежи во изминатите два дена, загинаа најмалку 54 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Прасад Јадав Koирала, портпарол на Министерството за внатрешни работи, изјави дека најмалку 20 лица се исчезнати, а стотици се раселени.
Војници и доброволци користат гумени чамци за спасување на луѓето кои останаа опкружени со вода, додека пак хеликоптерите се користат за испорака на храна.
Koоирала рече дека ситуацијата е многу сериозна во осум области и дека во некои области поради поплавите се прекинати патните правци.
Во Непал десетици илјади луѓе се уште живеат во шатори по катастрофалниот земјотрес, кој минатата година ја погоди оваа хималајска држава.