Hakan Çopur
01 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Девет лица, од кои две деца, загинаа во авионската несреќа што се случи во американската сојузна држава Јужна Дакота, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на американските медиуми, мал авион кој полетал од аеродром во градот Чејмберлен, што се наоѓа во Јужна Дакота, се срушил извесно време по полетувањето.
Властите соопштија дека во малиот авион со еден мотор од типот „Pilatus PC-12“ се наоѓале 12 лица.
Како резултат на несреќата, смртно настрадаа девет лица, од кои две деца, додека 3 лица се спасија со повреди.
Меѓу жртвите се наоѓа и пилотот на авионот.
Сè уште не е дадена официјална изјава во врска со причината за оваа несреќа.