ВИКТОРИЈА
Австралиските медиуми наведуваат дека нивните војници во Авганистан убиле 39 цивили, но наведуваат дека е можно да се забележани и други случаи во кои нивните војници се вмешани во убиствата на цивилите во таа земја погодена од војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот кој го подготви главниот инспектор на Вооружените сили на Австралија, Пол Бреретон се наведува дека нивните војници во Авганистан убиле најмалку 39 цивили.
Меѓутоа, австралиските медиуми тврдат дека постои можност австралиските војници да се вмешани во убиства на уште поголем број цивили во Авганистан.
Џавад Завулистани, претседателот на Организацијата за човекови права и демократија на Авганистан, во разговор за „СБС Њуз“ (SBS News) изјави дека нему лично роднини на жртвите му кажале дека австралиските војници се вмешани во повеќе убиства во Авганистан, отколку што е наведено во извештајот.
„Роднините на убиените ни кажаа: „Постојат некои случаи во нашите села во зафрлените краеви кои и самите ги доживеавме и видовме. Роднина на една од жртвите кој го прегледуваше извештајот на Бреретон, ни кажа: ’Секако дека познавам некои од споменатите жртви, но постојат десетина други кои не се наведени во извештајот‘“, изјави Завулистани.
Дасти Милер, кој беше член на медицинскиот персонал при австралиските сили и еден од очевидците на инцидентот, исто така изјави дека споменатиот извештај е вистински.
„На она што се случуваше таму сведочев неколкупати“, изјави Милер, и додаде дека биле потребни осум години да се потврди масакрот во Авганистан, нагласувајќи дека по сето тоа е потребно да се поднесат тужби и да се затворат војниците одговорни за смртта на невините цивили.
„Згрешија. Навистина верувам дека војниците тоа го сториле, знаејќи дека никогаш нема да мораат да одговараат за своите злосторства. Мислеа дека се далеку над законите“, изјави Милер.
Тој раскажи дека Хаџи Сердар, еден од жртвите на австралиските војници, е погоден во нога и дека го однеле војниците, но дека подоцна е пронајден мртов. Телото го пронашол неговиот син Хазретула кој изјави дека на телото на неговиот татко имало траги од воени чизми.
Австралискиот началник на Генералштабот, генерал Ангуш Камбел, за јавниот сервис АБС (ABC) изјави дека признава оти е можно да постојат уште вакви убиства и слични инциденти во кои се вмешани австралиските војници.
Тој истакна дека според собраните „доверливи податоци“ кои ги поседуваат, 25 припадници на австралиските одбранбени сили сториле злосторства или барем биле вмешани во тешки злосторства.
„Во име на Австралиските одбранбени сили (ADF), искрено се извинувам на народот на Авганистан поради секое злосторство на австралиските војници“, изјави генерал Камбел.
Бреретон, кој го подготви извештајот, истакна дека пред овие случаи да се појават и пред судот, потребно е Федералната влада да исплати отштета на семејствата на жртвите во Авганистан.
Истражителите кои водат истрага го подготвија извештајот врз основа на изјавите на 423 сведоци кои зборуваа за однесувањето и постапките на австралиските војници меѓу 2005 и 2016 година и анализираа повеќе од 20.000 документи и околу 25.000 снимки и фотографии.
Во извештајот се препорачува дека вкупно 36 случаи се проследуваат на Австралиската федерална полиција (AFP) заради спроведување на кривична истрага.
Австралија има околу 400 војници во Авганистан во состав на своите мировни напори кои ги спроведува со САД и другите сојузници.
news_share_descriptionsubscription_contact
