Recep Şakar
12 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Премиерот на Австралија, Малколм Трнбул, истакна дека потребно е уште повнимателно да се следат финансиските санкции спроведени против Северна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на „Sky News Australia“ (Скај њуз Аустралија), Трнбул кој продолжува со своите средби во Азија во рамките на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) и Асоцијацијата на држави од Jугоисточа Азија (ASEAN), даде изјава за медиумите околу санкциите спроведени против Северна Кореја.
Трнбул нагласи дека е потребно внимателно да се следат санкциите спроведени со цел спречување на Северна Кореја да изврши нуклеарни ракетни тестирања. „Од витално значење е спроведување на сите финансиски и економски санкции наметнати од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН)“, рече тој.
Истакнувајќи дека денес ќе се сретне со економскиот свет во Хонг Конг со цел оценување на санкциите, Трнбул нагласи дека сакаат да ја спречат администрацијата на Пјонгјанг да ги користи пристаништата и Хонг Конг, како пазар за остварување приходи.
Трнбул пренесе дека Северна Кореја прави сѐ за да развие нуклеарно оружје. „Без оглед дали станува збор за дрога, оружје или кибер криминал, тие постојано собираат пари за финансирање на нивната нуклеарна програма“, додаде австралискиот премиер.
Како што рече Трнбул, прашањето околу заострување на економските санкции против Северна Кореја ќе биде на дневен ред во средбите со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот премиер, Ли Кичианг, во рамките на самитот на АСЕАН кој денес ќе започне во главниот град на Филипините, Манила.
Северна Кореја претходно ѝ се закани на Австралија дека ќе ја погоди со нуклеарни ракети. Премиерот на Австралија истакна дека администрацијата на Пјонгјанг со своето нуклеарно оружје претставува закана за светскиот и регионалниот мир. Тој соопшти дека во случај на војна ќе дејствуваат заедно со САД.