?????
10 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
БЕРЛИН (АА) - Австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер, изјави дека балканската рута треба да остане трајно затворена, пренесува Anadolu Agency (AA).
За германскиот дневен весник "Die Welt" во врска со бранот бегалци во Европа, министерката изјави дека „часовникот нема да биде вратен наназад”.
„Мојот став е јасен - балканската рута треба да остане затворена и тоа постојано”, рече Лајтнер.
Таканаречената балканска рута, транзитната рута по која се движат бегалците кон земјите од Западна Европа, е затворена, а земјите не дозволуваат влез на мигрантите без валидни пасоши и визи за Европската унија.
Поради овој потег, илјадници бегалци се задржани во Грција.