Jeyhun Aliyev
19 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
ВИЕНА (АА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц повика на предвремени избори, откако ја прифати оставката од вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе во врска со корупцискиот скандал, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната десничарска Народна партија на канцеларот Себастијан Курц ја прекина коалициската власт со десничарската Слободарска партија (FPO) на Штрахе, по тајната видеоснимка која беше објавена во петокот. Штрахе се повлече од својата функција.
Во германските медиуми вчера се објавени снимки од летото 2017 година во кои Штрахе, заедно со потпретседателот на партијата, Јохан Гуденус, на богата Русинка ѝ нуди државна соработка во замена за финансиска поддршка на неговата партија.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц за новинарите изјави дека по објавената снимка, мора да се стави крај на оваа ситуација, и додаде дека од претседателот Александер ван дер Белен побарал одржување на нови избори што е можно поскоро.
Претседателот изјави дека денеска ќе бидат дискутирани следните чекори за нови избори
Курц, исто така изјави дека Слободарската партија (FPO) ѝ нанела штета на сликата за Австрија и предизвикала злоупотреба на власта.