İnci Gündağ
09 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
ЛОНДОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, поднесе оставка, се соопштува од Кабинетот на британската премиерка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека Џонсон денес во попладневните часови ја предал оставката на британската премиерка Тереза Меј, која ја прифатила.
Одлуката на Џонсон следуваше по оставката на министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис. Двајцата министри во Кабинетот на Меј беа големи заговорници на Брегзит.
Оставките се поднесени откако премиерката Меј во петокот во резиденцијата Чекерс одржа самит на британските официјални претставници, со цел надминување на несогласувањата во Владата за нејзиниот план за „мек“ Брегзит.
Иако Владата официјално го изгласа нејзиниот план, во владејачката структура сè погласни се опонентите, меѓу кои во првите редови беше министерот во заминување, Дејвис.