Elena Teslova
23 Март 2022•Ажурирај: 24 Март 2022
МОСКВА (АА) - Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, Анатолиј Чубаис, поднесе оставка и ја напушти земјата, соопшти извор близок до официјалниот претставник за руската државна новинска агенција ТАСС, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова е првпат од почетокот на војната во Украина, висок руски претставник да поднесе оставка од функцијата, наводно во знак на протест поради конфликтот.
„Чубаис поднесе оставка од функцијата специјален претставник и ја напушти земјата“, истакна изворот.
Рускиот олигарх Чубаис беше влијателен член на администрацијата на претседателот Борис Елцин во раните 1990-ти.
Тој е одговорен за приватизацијата на повеќе државни претпријатија и беше клучен во воведувањето на пазарната економија и приватната сопственост во земјата.
Во периодот од 1998 до 2008 година беше на чело на државниот монопол за електрична енергија РАО УЕС.
Од декември 2020 година беше на функцијата претставник на претседателот за односи со меѓународните организации.