Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu,Ethem Emre Özcan
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
ИДЛИБ
Екипите на Агенција Анадолија (AA) стигнаа до остатоците од воениот хеликоптер што САД мораа да го уништат поради техничка неисправност во операцијата спроведена против водачот на ДЕАШ во Идлиб.
Американски официјален претставник за американските медиуми изјави дека еден од хеликоптерите што учествувале во операцијата слетал и бил уништен затоа што имал технички проблеми. А екипата на АА веднаш се упатила да ги најде остатоците од хеликоптерот.
Екипата на АА пристигна и ги фотографира остатоците на хеликоптерот во близина на градот Џиндерес во областа Африн, источно од Идлиб.
На снимката се гледа дека хеликоптерот е целосно распаднат на ситни остатоци, освен одредени делови.
- Тврдење за бомбаш самоубиец
Некои извори, кои биле блиску до местото на настанот во моментот на операцијата, за АА истакнаа дека жена бомбаш-самоубиец отворила оган врз хеликоптерите на американските специјални сили и дека тоа лице експлодирало по пожарот, додека дека еден од оштетените хеликоптери веднаш морал да слета во Џиндерес.
Според новинската агенција „Асошиејтед прес“ (Associated Press), американски функционер кој сакал да остане анонимен, нагласил дека еден од хеликоптерите што учествувал во операцијата слетал поради технички проблеми, а потоа бил уништен.
- Во операцијата загинаа 13 лица, меѓу кои 6 деца
Американски војници по полноќ со поддршка на борбен авион Ф-16 и хеликоптер изведоа операција во провинцијата Идлиб во северозападна Сирија.
Тимовите за цивилна одбрана кои работат на остатоците истакнаа дека во рацијата загинале 13 лица, меѓу кои 6 деца и 4 жени.
Локалните безбедносни елементи кои дадоа изјава за АА истакнаа дека американските војници за време на операцијата привеле едно лице во куќата и го однеле со себе.
Американскиот претседател Џо Бајден во писмена изјава истакна дека американските сили го убиле лидерот на ДЕАШ, Ебу Ибрахим ел Хашими ел Курајши.
Екипата на АА го сними местото каде што се случи рацијата по инцидентот.
На снимката се гледа дека дел од ѕидовите и таванот на куќата се урнати од фрлените бомби при рацијата, исто така изгорен е кујнскиот дел, уништен е целиот мебел, а на подот се гледаат траги од крв.
Покрај тоа, на снимката се гледаат и остатоците од муницијата што ја користеле американските војници.