Dildar Baykan
28 Август 2020•Ажурирај: 28 Август 2020
ВАШИНГТОН
Белата куќа соопшти дека во САД ќе купи 150 милиони тестови за Ковид-19 кои покажуваат резултати во рок од 15 минути и ќе ги сподели низ земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Администрацијата на Трамп соопштува дека ќе бидат купени и произведени 150 милиони брзи тестови за Ковид-19“, се наведува во соопштението на прес-службата на Белата куќа.
Во соопштението понатаму се нагласува дека за овие тестови, администрацијата на Трамп постигнала договор со американскиот производител на медицинска опрема „Абот“ (Abbott).
„Овој чекор е важен за заштита на најранливите групи во САД и продолжување на нормализацијата на нашата земја“, се вели во соопштението.
Според ова соопштение, САД се земја која изработува најмногу тестови за Ковид-19.