Abidin Mutlu Bozdağ
19 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Аеродромот во Истанбул со 23,4 милиони патници минатата година се наоѓа на чело на аеродромите во Европа по бројот на патници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Забележан е сериозен пад во бројот на патниците на аеродромите низ светот поради затворањето на границите и забраните за патување како резултат на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Аеродромот во Истанбул, со 23,4 милиони патници во 2020 година, се наоѓа на чело на аеродромите во Европа по бројот на патници.
По него следуваат аеродромот „Хитроу“ во Лондон и аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, со по 22,1 милион патник, на четврто место се наоѓа аеродромот „Схипхол“ во Амстердам со 20,9 милиони патници, па аеродромот во Франкфурт со 18,8 милиони патници.
Аеродромот во Истанбул на преден план излегува со мерките што ги презеде во периодот на пандемијата, а минатата година 23.409.132 лица патуваа преку овој аеродром.