Burç Eruygur
31 Август 2023•Ажурирај: 01 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Азербејџан денес соопшти дека азербејџанската Амбасада во главниот град на Либан, Бејрут, е нападната од лица со ерменско потекло, и дека во нападот нема повредени, пренесува Анадолу.
„Околу 50 лица со ерменско потекло... удрија врз оградата околу административната зграда на Амбасадата и фрлаа шишиња со боја и експлозив“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Се додава дека за инцидентот била информирана либанската агенција одговорна за заштита на дипломатските мисии, но напаѓачите успеале да побегнат пред пристигнувањето на персоналот за спроведување на законот.
Министерството ги повика либанските власти да ги приведат инволвираните во нападот, додавајќи дека безбедноста на мисијата е зајакната.
Односите меѓу Азербејџан и Ерменија се затегнати од 1991 година кога ерменската војска го окупира Нагорно Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.
Во есента 2020 година, Азербејџан ослободи неколку градови, села и населби од ерменска окупација во текот на 44-дневниот конфликт. Војната заврши со прекин на огнот постигнат со посредство на Русија, а оттогаш двете страни преговараат за мировен договор.