Ruslan Rehimov
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Најмалку 63 цивили се убиени, а 292 се ранети во нападите кои ерменската војска од 27 септември до денеска ги изврши на територијата на Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителството на Азербејџан денеска ги соопшти последиците од ерменските гранатирања и ракетирања врз азербејџанските населени места.
Во соопштението се наведува дека во ерменските напади на територијата на азербејџанските населби се уништени 1.981 куќа, 90 станови и 386 јавни објекти.
Пограничните судири избувнаа на 27 септември, кога ерменските сили започнаа со напади врз азербејџанските цивилни населби и воени позиции, кои резултираа со жртви.
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупациските сили.