Ruslan Rehimov
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
БАКУ (АА) - Во согласност со Договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Азербејџан и Ерменија со посредство на Русија, Ерменија, која претходно ги напушти Калбаџар и Агдам, ќе го врати и Лачин најдоцна до 24.00 часот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денес е последен ден за ерменските сили и ерменското население, кое нелегално се насели во регионот, да го напуштат Лачин.
- Лачин беше една од првите цели на ерменските сили -
Округот Лачин, којшто се наоѓа на границата со Ерменија, стана еден од првите цели на ерменските сили во војната во 1990-тите години поради стратешкото значење на патниот правец, кој е единствениот помеѓу Нагорно-Карабах и Ерменија. Тој патен правец се нарекува „коридорот на Лачин“.
По Ханкенди и Шуша, ерменските сили го окупираа Лачин.
Пред окупацијата на Ерменија, во Лачин живееја 65 илјади Азербејџанци. Округот Лачин се состои истоимениот административен центар и 125 села. Пред окупацијата во Лачин немало ерменско население.
Лачин е лоциран на 450 километри од главниот град Баку, и се наоѓа во југозападниот дел на земјата. На север се граничи со областа Калбаџар, на исток со регионите Хоџали, Шуша и Хоџавенд, додека на југ со Губадли. На запад од Лачин се наоѓа Ерменија.
Во операцијата што ја започна азербејџанската Армија на 27 септември, од окупација беа ослободени пет центри на градови, четири града и 286 села. Ерменија го прифати поразот и потпиша договор за евакуација на окупираните региони Агдам, Лачин и Калбаџар.
Ерменската Армија од Агдам се повлече на 20 ноември, а од Калбаџар на 25 ноември.