Ruslan Rehimov
23 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
БАКУ
Операциите што ги започна азербејџанската Армија за ослободување на своите територии продолжува, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека операциите во регионите Агдере, Фузули, Хадрут, Џебраил и Губадли продолжиле во текот на целата ноќ со различен интензитет.
Според соопштението, азербејџанската Армија ги погодила позициите на ерменските сили во регионите Фузули, Џебраил и Губадли, од каде што тие со артилериско оружје ги гаѓаа позициите на Армијата на Азербејџан.
Во тие области азербејџанската Армија зеде под контрола значајни територии и височини.
Исто така се додава дека вдолж целата фронтовска линија е нанесена непоправлива штета на воените ресурси и инфраструктурата на Ерменија и дека ерменските сили имаат недостиг на опрема, оружје, муниција и храна.
Меѓу другото, се нагласува дека војниците донесени од Ерменија дезертирале одбивајќи да војуваат, дека судирите продолжуваат низ целиот фронт и дека ситуацијата е под контрола на азербејџанската Армија.