Selman Aksünger
23 Октомври 2020•Ажурирај: 25 Октомври 2020
ХАГ
Откако кај дивите лебеди е откриен вирусот на птичји грип, од земјоделците во Холандија е побарано „животните во живинарските фарми да не стапуваат во контакт со надворешноста“, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го издаде холандското Министерство за земјоделство, природа и квалитет на храна се наведува дека по направениот тест на шест диви патки во селото Кокенген, кое се наоѓа во подрачјето на градот Утрехт, кај две од нив е пронајден вирусот на птичји грип.
Во соопштението се вели дека во истото подрачје е откриена уште една мртва дива патка која исто така е дадена на испитување под сомнение за постоење на вирусот на птичји грип.
Министерката за земјоделство, Карола Шоутен, заради спречување на ширењето на вирусот побара на животните на фармите да не им се дозволува да стапуваат во контакт со надворешноста.
- Вирусот пристигна од птиците што мигрираа од Русија или Казахстан
Експертите од холандското Министерство сметаат дека е голема веројатноста вирусот во земјата да е пристигнат од птиците што мигрирале од Русија или Казахстан.
Во соопштението на холандското Министерство се истакнува дека откриениот вирус на птичји грип е од видот H5N8 кој е со високо патогено дејствување.
Во последните години во Холандија на голем број фарми откриен е птичјиот грип и уништени се десетици илјади живина.