Ruslan Rehimov
17 Октомври 2020•Ажурирај: 18 Октомври 2020
БАКУ
Претседателот на Азербејџан Илхам Алијев соопшти дека градот Фузули и неколку села се ослободени од ерменска окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алијев во обраќањето до нацијата рече дека од ерменската окупација се ослободени градот Фузули, и селата Коџахметли, Чимен, Чуварли, Пирахмети, Мусабејли, Ишикли и Дедели.
Азербејџанската војска во операцијата покрената со цел ослободување на територијата од окупација, претходно ослободи неколку села кои припаѓаат на Фузули.
Ерменската војска во 1993 година го окупираше центарот на Фузули и повеќето села.
Пред окупацијата, во Фузули, со површина од 1.386 квадратни километри, живееле околу 144.000 Азербејџанци.
Во ерменските напади ранети се околу 1.500 жители на Фузули, а 155 деца останаа без родители.
Во подрачјето на Фузули кое го сочинуваат градскиот центар, околината и 75 села, не се окупирани само 20 села.