Ruslan Rehimov
17 Октомври 2020•Ажурирај: 18 Октомври 2020
БАКУ
Азербејџан сруши воен авион на Ерменија од типот „Су-25“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се наведува дека денес во 11:11 часот по локално време воениот авион на Ерменија од типот „Су-25“ извршил обид за воздушен напад врз азербејџанските војници, што бил во насока на градот Џебраил.
Во соопштението се истакнува дека авионот бил срушен од страна на воздушните одбранбени сили на Азербејџан.