Ruslan Rehimov
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Војска ослободи уште осум села од окупацијата на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку објава на својот профил на Твитер ја потврди претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.
„Победничката Војска на Азербејџан од окупацијата ги спаси селата Чапранд, Хаџи Исакли и Гоша Булак на Џебраил, селата Гилетаг и Бујук Гилетаг на Зенгилан и селата Ишикли, Муратханли и Миланли на Губадли. Нека живее Војската на Азербејџан! Карабах е на Азербејџан!“, напиша претседателот Илхам Алиев.
Азербејџанската Војска во рамки на операцијата што ја започна на 27 септември во Нагорно Карабах, од ерменска окупација ослободи четири центри на градови, три гратчиња, околу 190 села и одредени важни позиции.