Qais Omar Darwesh Omar,Safiye Karabacak
02 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
НАБЛУС
Израелските безбедносни сили срушија семејна куќа на палестински затвореник по име Халил Дувејкат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелската Војска во текот на изминатата ноќ со булдожери го сруши домот на 46-годишниот Дувејкат во Наблус на окупираниот Западен Брег.
Дувејкат е татко на шест деца, а израелските сили го уапсија под обвинение дека е вмешан во напад што на крајот на август се случи во израелскиот град Петах Тиква.
Група палестински момчиња се спротивставија на рушењето на семејната куќа, а израелските сили ги разбркаа демонстрантите со употреба на солзавец, гумена и боева муниција.