Ruslan Rehimov
03 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Војска уништи голем број оклопни возила на ерменските сили во операцијата започната за ослободување на својата окупирана територија, јавува Агенција Анадолија (AA).
Судирите на линијата на фронтот продолжија во текот на целата ноќ, а азербејџанската Војска погоди голем број позиции и оклопни возила на ерменските сили.
Министерството за одбрана на Азербејџан објави снимка на која се гледаат уништените оклопни возила на ерменската Војска. Министерството додаде дека и понатаму траат жестоките судири по должината на целата линија на фронтот.
На 27 септември, ерменските сили извршија нови напади врз азербејџанските населби и позиции, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции.
Ерменските власти потоа прогласија општа мобилизација и воена состојба поради судирите во регионот на Нагорно Карабах, а и властите на Азербејџан исто така прогласија воена состојба во 19 подрачја, вклучувајќи го и главниот град Баку. Од 1991 година ерменската Војска илегално го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно Карабах и од седум други окупирани азербејџански региони.