Sarp Özer
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АНКАРА
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, коментирајќи го текот на операцијата Канџа-тигар, која турските власти ја спроведуваат во севетниот дел на Ирак, изјави дека е неутрализиран 41 терорист, додавајќи дека е запленето поголемо количина на оружје и муниција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар истакна дека турските сили продолжуваат да ги уништуваат упориштата на терористите.
„Нашите командоси го пребаруваат целото подрачје, уништувајќи ги притоа упориштата и базите на терористите“, додаде Акар во своето обраќање на неделниот состанок со турските високи воени официјални претставници одржан преку видеконференција.
Тој нагласи дека антитерористичките активности на турската војска ќе бидат продолжени се додека и последниот терорист не биде неутрализиран.
„Во операцијата „Канџа-тигар“ на терористичките упоришта на северниот дел на Ирак на 15 јуни нашите воздушни сили уништија вкупно 81 терористичка мета. Целта на овие акции е да се спречат нападите на терористите на нашата земја, народот и нашите граници. Една од најважните работи за нас, додека ги извршуваме овие активности, исклучително да го почитуваме политичкиот интегритет и територијалниот интегритет на нашиот сосед Ирак. Она што во тој поглед се обидуваме да го сториме е да ги неутрализираме терористите во согласност со правото на легитимна одврана. Сите операции ги спроведуваме во согласност со меѓународното право. Исто така ги преземаме сите мерки на претпазливост за да не биде нанесена било каква штета на цивилното население“, изјави Акар.
Тој истакна дека терористичката организација ПКК/ЈПГА сега, како што го правеше и за време на претходните операции, со неточни информации се обидува да шири пропаганда и така да ги прикрива своите вистински губитоци.
„Таквите тврдења никогаш не беа вистински. за Време на нашите операции вложуваме огромни напори за да бидат заштитени, не само цивилите, туку и истористите и верските објекти, кaко и околината. Целиот свет е запознает со нашите настојувања. За нас невините луѓе, историските, верските објекти и околината се нешто свето“, изјави тој.
Операциите на Турција, „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ се започнаа минатата недела за да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите, така што ќе ја неутрализираат заканата на ПКК и останатите терористичките групи кои го користат северниот дел на Ирак за планирање на прекугранични напади.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во рамките на Турција, но и на северот на соседните Ирак и Сирија.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичките организации во Турција, Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.