Sarp Özer
25 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) – Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денес во Брисел оствари средба со министерката за одбрана на Франција Флоренс Парли, пренесува Anadolu Agency (AA).
На средбата се разговараше за теми од одбраната и безбедноста, особено за Сирија и Либија.
Во соопштението од турското Министерство за одбрана се истакнува дека Акар во седиштето на НАТО се состанал со министерката за одбрана на Франција, Флоренс Парли.
Министерот Хулуси Акар во Брисел допатува за да присуствува на вториот ден од состанокот на министрите за одбрана на НАТО.
За време на средбата, министрите се фокусирале на одбранбени и безбедносни теми, особено на состојбата во Сирија и Либија.