Sümeyye Özer
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
ГАЗА (АА) – Националната делегација на маршот на „Големото враќање“ и „Разбивање на опсадата“ соопшти дека условите во Појасот Газа, кој е под израелска блокада, се влошуваат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на делегацијата се истакнува дека условите за живот во Газа, која со години е под израелска блокада, се влошуваат и дека тоа ќе доведе до зголемување на отпорот кон израелската окупација.
„Редовните масовни и мирни демонстрации, кои продолжуваат на границата на Газа, се дел од борбата против блокадата“, се вели во соопштението, и се додава дека неопходна е интервенција на меѓународната заедница и институциите на Обединетите нации (ОН) за да се стави крај на блокадата.
Заменик-министерот за социјален развој на Палестина, Гази Хамад, во изјавата дадена на 20 октомври истакна дека 33,8 проценти од населението во Газа живее под крајна линија на сиромаштија и дека стапката на сиромаштија и невработеност во Газа достигнала 75 проценти во 2019 година.
Израел го блокираше Појасот Газа, кој е дом на речиси 2 милиони Палестинци од 2006 година, од копно, воздух и море.