Haydar Hadi
12 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
БАГДАД (АА) - Премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади, порача дека ирачката војска нема да го впери оружјето кон народот и нема да започне војна против Курдите во таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ирачката државна телевизија ја пренесе изјавата на премиерот Ал Абади, кој порача дека институциите на Ирак ќе го бранат Уставот, целовитоста, безбедноста на народот и националните интереси на Ирак.
„Сето тоа е наша должност и обврска“, порача Ал Абади во пораката до нацијата, која следуваше по вчерашните тврдења на безбедносните агенции на Регионалната курдска управа во северен Ирак, за наводната подготовка на воена операција против раководството на тој регион што го спроведе нелегитимиот референдум за независност.
Владата на Ирак од Багдад и вчера ги негираше тие наводи.