Hakan Çopur
12 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) донесоа одлука за повлекување од Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот Стејт департмент соопшти дека УНЕСКО го напуштаат поради анти-израелскиот став на организацијата и потребата од фундаментални реформи.
„Стејт департментот, на 12 октомври 2017 година, одуката за повлекување на САД од УНЕСКО и добивање статус на постојан набљудувач во организацијата, ја достави до генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова“, се наведува во соопштението во коешто се додава дека одлуката не е донесена со леснотија.
Одлуката ќе стапи на сила од 31 декември 2018 година, до кога САД ќе ја задржат моменталната улога.