Emre Aytekin
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
МЕКСИКО (AA) - Мексиканските безбедносни сили го уапсија Мартиниан Јармилио, лидерот на нарко-картелот Зетас кој се обвинува дека 2010. година убил 72 мигранти од Јужна Америка и извршил бројни киднапирања и други тешки кривични дела, јавува Anadolu Agency (AA).
Државното обвинителство на сојузната мексиканска држава Тамаулипас потврди дека 56. годишниот Мартиниан Јармилио е уапсен во акција во која учествуваше и војската и полицијата.
Јармилио се поврзува и со убиство на активистот Мириам Родригез кој е убиен во својот дом во мај оваа година.
По неодамнешниот раскол во картелот Зетас, Јармилио го презеде водството во таканаречената група „некогашен Зетас", а првоосомничениот во случај на убиство на јужноамериканските мигранти во Сан Фернанд кои одбија да работат со нарко-картелот Зетас.
Посмртните остатоци на 72 мигранти се пронајдени во 2011. година во близина на Сан Фердинанд.