Faruk Hanedar
17 Август 2023•Ажурирај: 18 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Анкара, Саид Сани ал Захири, изјави дека Туркије има многу напреден и развиен здравствен систем, јавува Анадолу.
Захири одговараше на прашањата на новинарот на Анадолу на Саемот за здравствен туризам „Turabexpo“ организиран од Турско-арапската асоцијација за соработка (TÜRAP).
Привлекувајќи внимание на фактот дека односите меѓу Туркије и ОАЕ се во нов период, Захири нагласи дека меѓусебните официјални посети на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед Бин Зајед ал Нахјан, и претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се показател за добри односи.
Тој привлече внимание и на економската соработка и новите инвестиции.
„Има многу различни области. Има во областа на технологијата, во областа на вештачката интелигенција, во областа на обновливите извори на енергија, во областа на вселената. Сето тоа се области на соработка“, нагласи тој.
Захири посочи дека организациите како што е Првиот саем за здравствен туризам „Turabexpo“, ги обединуваат арапските земји во Туркије.
„Мислам дека треба да ја подобриме нашата околина и нашиот бизнис. Така добиваме добри резултати. Има многу добри бројки во здравствениот туризам. Дел од тие 140.000 луѓе кои доаѓаат за туристички цели, во Туркије доаѓаат за здравствен туризам и медицинска нега“, нагласи Захири.
Зборувајќи за здравствениот систем во Туркије, Захири рече:
„Туркије има многу напреден и развиен здравствен систем. Ова важи и за ОАЕ, според мене и двете земји имаат многу добар здравствен систем. Ние имаме корист од искуството на Туркије, додека Туркије има корист од нашето искуство во регионот. Ова им помага и на двете земји и регионот. Во соработка сме и во здравствениот сектор, ги споделуваме нашите искуства.“
- Првиот саем за здравствен туризам „Turabexpo“ -
Саемот, што се организира од страна на Турско-арапската асоцијација за соработка (TÜRAP), со поддршка на турското Министерство за трговија, започна вчера во Истанбул со учество на болнички службеници, здравствени агенции и лекари од Туркије и арапскиот свет.
По говорите на церемонијата на отворањето, Амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Анкара и „Емирејтс ерлајнс“ на две лица им подарија повратни карти на релација Туркије - ОАЕ.
Саемот ќе заврши денеска.